Еспањол му врати на провокаторот Пике: Ние имаме нешто што не се купува со пари!

Жерард Пике на шпанска телевизија реши да испрати провокација на адреса на ривалот Еспањол, па од клубот не останаа должни, па му вратија на некогашниот шпански репрезентативец.

Дефанзивецот на Барселона покажа непочитување и како гостин во емисија кажа дека во банка има повеќе пари од Еспањол. ОД клубот не чекаа долго, па решија да го спуштат на земја и да му одговорат.

„Имаме наши навивачи, имаме тим кој дава се од себе на секој натпревар и имаме 119-годишна историја. Имаме наша 21. минута, во чест на поранешниот капитен Даниел Харке, наша академија, имаме почитување кон ривалите, имаме сино-бело срце. Имаме вредност, ние имаме нешто што не се купува со пари“, гласи одговорот на Еспањол.

Покрај што го провоцираше Еспањол, Пике во интервјуто пукаше со „отровни стрели“ кон Реал Мадрид. Новинарот го праша „колку пати си имал секс овој месец?“, а тој на прашањето одговори со прашање - „Дали се брои и оној на „Бернабеу“?“.

>>> ВИДЕО: Пике го прашаа колку пати имал секс месецов, тој веднаш го „пецна“ Реал Мадрид!

Токму Барселона и Еспањол ќе се судрат овој викенд во рамки на шпанска Примера. Дуелот меѓу двата тима се игра од 16:15 часот.