Еспањол ќе биде конкурентот на Бетис и Брага во борбата за Димитриевски

Шпанскиот прволигаш, Еспањол, е во потрага по нов голман како замена за ветеранот Диего Лопез, па пројави интерес за македонскиот репрезентативец на голот на Гимнастик Тарагона, Столе Димитриевски.

26-годишникот одигра одлична сезона во својата екипа, во која се пресели во летото 2016 година, па го привлече вниманието на неколку клуба. Покрај каталонскиот тим, за Димитриевски од порано беа загреани Бетис и португалска Брага. Второлигашот од Тарагона се бори за опстанок во Сегунда, а испаѓањето би му помогнало на македонскиот чувар на мрежата да ја донесе својата следна одлука.

Тој е дел од македонската репрезентација од 2015 година, а моментално е прв избор на селекторот Игор Ангеловски.