ВИДЕО: Еспањол ја прекина црната серија, Барди со Леванте избегна пораз од Џирона

Во натпревар од 18. коло во Примера, фудбалерите на Еспањол на домашен терен славеа победа од 1-0 (1-0) против тимот на Леганес и им ставија крај на поразите на крајот од минатата година.

И двата тима имаа свои шанси, но мечот беше одлучен уште во 9. минута. Стрелец на единствениот погодок за домашниот тим беше Борха Иглесисас, кој искористи една одбиена топка и со глава го матира гостинскиот голман. Во финишот на натпреварот тимот од Мадрид остана и со човек помалку по исклучувањето на Гумбау.

Денешната победа е од голема важност за тимот од Барселона, кој минатата година ја заврши со серија од три порази по ред.

Во првиот денешен натпревар, Леванте на Енис Барди одигра 2-2 на домашен терен против тимот на Џирона. Гостите од Каталонија двапати имаа предност, но Леванте со гол во 86. минута преку Коке, со човек помалку стигна до голем бод. Нашиот Барди повторно одигра солиден натпревар, а во 56. минута заработи и жолт картон.