ВИДЕО: Еспањол го уништи Леванте, два гола на Роберто Фернандез

Еспањол убедливо го совлада Леванте со 3-0 (2-0) во првото коло од новата сезона на шпанската Примера..На натпреварот одигран на стадионот „РЦДЕ“, домаќините целосно доминираа, не дозволувајќи му на Леванте ниту еден директен шут во рамките на голот. 

  • Извештај од натпреварот:

Еспањол започна фуриозно и наметна целосна контрола уште од самиот старт. Голманот на гостите, Метју Рајан, имаше неколку клучни интервенции со кои спречи уште поголем пораз, запирајќи ги обидите на Алекс Калатрава и уште еден опасен шут на Долан.

Роберто Фернандез во шестата минута донесе брзо водство за домаќините, откако налета и ја смести топката во мрежата по слободниот удар на Еду Експосито. Истиот фудбалер во 40. минутај од непосредна близина прецизно ја материјализираше асистенцијата на Хави Хрнандез. Тајрис Долан во 80, минута ја запечати победата со прекрасен удар по додавањето на младиот Рафел Бауза.

Леванте се обиде да се врати во игра преку неколку полушанси во второто полувреме, при што најсериозната прилика ја пропушти Карл Ета Ејонг кој со глава шутираше над пречката. Сепак, тактичката надмоќ и подобрата реализација му донесоа на Еспањол заслужени три бода на отворањето на шампионатот.