ВИДЕО: Еспањол го разнесе Лудогорец, Гент со пресврт-победа кај Волфсбург

Екипите на Јанг Бојс и Глазгов Ренџерс во рамки на дерби-дуелот во групата Г на Лига Европа ги поделија бодовите (1-1) и ја направија ситуацијата во последните две кола супер-интересна, затоа што сите имаат шанси за следната рунда.

Според актуелните резултати Јанг Бојс, Ренџерс, Феенорд и Порто ќе се борат за нокаут-фаза и понатаму. Дуелот во Ротердам заврши без победник, а тоа им одговараше на сите екипи, освен на холандскиот претставник.

Резултатот на мечот на „Де Куип“ се отвори во 18. минута кога од пенал погоди Бергис, додека во вториот дел, поточно во 71. минута, Шпилман го постави конечниот епилог.

На вториот натпревар, Ренџерс ја забележа втората победа и беше подобар од Порто (2-0). Победникот се реши во втората половина на вториот дел, кога стрелаа Морелос и Дејвис.

Во групата Х, Еспањол го разнесе Лудогорец (6-0). Погодија шест различни фудбалери, а во листата на стрелци се впишаа Мелендо, Мармол, Варгас, Кампуцано, Педроса и Фереира. Натпреварот Ференцварош - ЦСКА Москва заврши без голови (0-0).

На дербито во група И, Волфсбург како домаќин беше изненаден од белгиски Гент и го загуби лидерското место (1-3). Јаремчук, Депоитр и Нгадеу Нгаџи беа стрелци за гостите, додека за „волците“ во првото полувреме за предност погоди Жоао Виктор. Олександрија, пак, со два гола во финишот се спаси од Сент Етјен (2-2).