Еспањол го отпушти Гаљего и го назначи Мачин за негов наследник

Давид Гаљего не е повеќе тренер на шпанскиот прволигаш Еспањол. Клубот се одлучи да му врачи отказ на младиот тренер по поразот во Мајорка вчера попладне со 2-0. Отказот доаѓа само четири дена по неочекуваната победа над ЦСКА Москва во Русија со 0-3.

Сепак, стартот на сезоната во Примера е катастрофален, па „сино-белите“ од Каталонија запишаа само една победа и дури три порази на последните четири натпревари. На местото на Гаљего веќе е назначен Пабло Мачин. Младиот тренер ги водеше Џирона и Севиља во претходните три сезони.

Еспањол прво се обиде да го ангажира Хави Каљеха, но откако доби негативен одговор и превисоки барања, се насочи и го договори Пабло Мачин.