Ескалираше протестот: Револтираните „Комити“ ги кршеа рекламите и го напуштија стадионот!  (ВИДЕО)

Вардар вечерва на теренот на ФФМ го игра натпреварот против Арсими, а навивачите на „црвено-црните“ повторно испратија јасна порака до управата на клубот.

Пред крајот на првото полувреме, „Комити“ во голем број се појавија на трибините зад голот, најавувајќи го бојкотот кој, според нивните најави, ќе трае до промена на актуелната управа. По почетниот молк, од трибината одекна песната „Наш е Вардар, наш ќе остане“.

Во вториот дел, ситуацијата ескалираше, „Комити“  се спуштија на теренот и натпреварот беше во прекин повеќе од 15 минути. „Комити“ потоа го напуштија својот сектор, продолжувајќи со протестот против раководството на клубот.