Ешли Кол се враќа на англиско тло: Ветеранот потпиша со Дерби на Лампард!

Ешли Кол

Ветеранот на англискиот фудбал Ешли Кол се согласи на договор во должина од шест месеци со Дерби Каунти.

38-годишниот дефанзивец ќе му се приклучи на тимот на чие чело стои Франк Лампард и ќе остане таму до крајот на тековната сезона. Неговата плата ќе изнесува 20.000 евра неделно, плус дополнителни бонуси според неговите игри во Чемпионшип. Договорот треба да биде потврден во наредните 48 часа.

Последен тим на Кол е Лос Анџелес Галакси, клуб за кој настапуваше до октомври минатата година.

Англичанецот се прослави во дресот на Арсенал, а потоа настапуваше уште и за Кристал Палас, Челзи и Рома, пред да се пресели во САД.