Есенски маратон за Македонија во ЛН: Шест одлучувачки натпревари во 54 дена!

Фудбалската репрезентација на Македонија ги доби противниците во дебитантскиот настап во Б конкуренцијата од Лигата на нации. Македонија е дел од групата Б, во која партиципираат селекциите на Шкотска, Швајцарија и Словенија.

За разлика од претходните три изданија, Лигата на нации сега ќе се одигра експресно - во неполни два месеци. 

Шесте кола од групната фаза ќе бидат поделени на два дела, односно првите четири ќе се одиграат од 24 септември до 6 октомври во двата споени прозорци, а потоа петтото и шестото ќе се играат од 12 до 17 ноември. Во наредните неколку дена ќе биде познат календарот за натпреварите наесен. 

По комплетирањето на групите, Лигата на нациите ќе има плеј-оф дуели од четвртфиналето во март, додека завршниот турнир е на програмата во јуни.