Ерменија ја совлада Грузија, во Никозија ни треба само реми за влез во Лига Б

Откако Македонија со сигурни 2-1 славеше над Естонија во Скопје, главните конкуренти за лидерското место на нашите момци во групата 2 од лигата Ц на Лигата на нациите, Грузија и Ерманија одиграа возбудлив натпревар во Батуми, кој на крај заврши со среќна победа на гостите од 1-2.

Со овој поразГрузија ги загуби сите шанси за пласман во Б лигата, па така во последното коло за лидерското место ќе се борат Македонија и Ерменија.

Во Батуми се играше борбено и не така атрактивно и офанзивно. Грузија беше подобриот противник, подолго ја имаше топката во своите нозе, креираше повеќе шанси, но тоа не успеа да го преточи во победа. 

Ерманија, пак, која беше ослабена со неиграњето на својот најдобар фудбалер Михтарјан, мудро ја чекаше својата шанса, а по една таква ситуација во 33. минута стигна до водство од 0-1 (Газарјан). Сепак, упорноста на домашните фудбалери вроди со плод во 65. минута, кога Вако од пенал израмни на 1-1,. Сепак, во самиот финиш Адамјан ги шокира домаќините и погоди за голема победа на на гостите од 1-2.

Одлучувачкото, последно коло од нашата група во втората сезона во Лигата на нации ќе се одигра в среда, а Македонија од 18:00 часот ќе се судри со Ерменија во Никозија, во натпревар кој со реми ќе бидеме промовирани како нови членови во Б дивизијата на Лигата на нации.