• Мартин Танасковски

Кристијан Ериксен нема да може да игра за Интер според законите во Италија, па данскиот фудалер во новата сезона веројатно ќе има и нов клуб.
Ериксен имаше срцев удар на ЕП 2020 и едвај му беше спасен животот, а за да му се регулира работата на срцето, вграден му е дефибрилатор. Според законите во Италија, Ериксен не смее да игра со вграден уред во Серија А.
Играчот од средниот ред ќе си оди од Интер, а на големо се пишува дека нова шанса во фудбалот му нуди неговиот матичен клуб Ајакс. Токму во оваа средина, во 2010 година, тој ја почна професионалната кариера.
Холандскиот првак во својот тим веќе има неколку играчи со срцеви маани кои играат и тренираат активно и нивната секојдневна работа се прати. Се чека извештајот од лекарите, па ќе се знае дали Ериксен ќе се врати во Ередивизие.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.