Ериксен му се врати на фудбалот, тренира самостојно во клубот од детството

Кристијан Ериксен продолжува да заздравува по несреќниот случај кој го имаше за време на Европското првенство и за тоа ги користи клупските простории од детството.

Иако не се знае каква ќе биде неговата фудбалска иднина, потврдено е дека тој самостојно тренира во просториите на клубот Одензе Болд, каде мина три години како дете.

„Ериксен нè контактираше и моментално тренира самостојно. За него ова е природна средина бидејќи тренирал овде како дете, а живее многу блиску. Многу сме среќни што можеме да му помогнеме и да му дадеме место за тренирање“, изјави портпаролот на Одензе за „Ројтерс“.

Данскиот репрезентативец е упорен во намерата да продолжи да се занимава со фудбал. Проблемите со срцето му го променија животот и кариерата пред пет месеци, но тоа нема да биде причина да го натераат да замине во пензија.