Ериксен се враќа на терен: Цел свет ќе го гледа мечот Брентфорд - Њукасл

Неколку месеци откако доживеа срцев удар на Европското првенство, Кристијан Ериксен повторно ќе игра професионален фудбал и ќе биде дел од тимот на Брентфорд на дуелот против Њукасл.

Ова вест ја потврди менаџерот на новајлијата во англиската елита, Томас Френк.

„Ериксен ќе биде во тимот и ќе добие шанса да игра. Тоа ќе биде одличен момент за сите нас, а особено за Кристијан и неговото семејство“, рече Франк.

Ериксен оваа зима, откако го раскина договорот со Интер, како слободен фудбалер се пресели во Брентфорд и извесно е дека неговото враќање на терените ќе привлече големо внимание ширум светот.