Ериксен по кам-бекот на терените: Јас сум среќен човек!

Кристијан Ериксен по пауза од 259 дена вчера заигра на официјален натпревар за Брентфорд во поразот од Њукасл (0-2). Данскиот плејмејкер доживеа срцев удар на дуелот против Финска на Европското првенство, но успеа да се спаси и по долга пауза се врати на терените. 

По натпреварот и официјалното деби за Брентфорд, Ериксен призна дека е среќен човек.

„Јас сум среќен човек! Кога ќе минете сè што минав јас, па повторно ќе заиграте, тогаш тоа е фантастично. Сега ми е важно да му помогнам на клубот во борбата за опстанок“, изјави Данецот. 

При влегувањето во игра фановите на Брентфорд и целиот стадион го препознаа моментот и со стоечки овации го поздравија кам-бекот на Ериксен.