Ериксен од болница: Добар сум, сега ќе навивам за Данска!

Колабирањето на Кристијан Ериксен на теренот за време на првото полувреме од натпреварот меѓу Данска и Финска го обиколи светот. Страшните сцени од „Паркен“ во Копенхаген предизвикаа бура реакции, пораки за поддршка и за среќа „хепиенд“, бидејќи фудбалерот по падот се освести и е во стабилна состојба. 

Сега, Ериксен се наоѓа во болница во својата земја, а испрати и прва порака до фановите преку својот Инстаграм профил. 

„Здраво на сите, огромно благодарам за вашите убави и неверојатни пораки од целиот свет. Навитина многу ми значи, мене и на семејството. 

Јас сум добар, со оглед на условите. Сè уште треба да минам одредени прегледи во болницата, но се чувствувам добро. Сега ќе навивам за мојата селекција, за Данска во наредните натпревари. Момци, играјте за целата нација“, напиша Ериксен. 

  • Објавата на Кристијан Ериксен: 

Засега не е позната причината поради која фудбалерот на Интер колабираше на мечот, вртат многу шпекулации, но мора да се сочека официјалната дијагноза и лекарските извештаи.