• Иван Димовски
Кристијан Ериксен е решен повторно да се врати на фудбалските терени, иако лекарите го предупредиле дека со таква одлука сериозно го ризикува своето здравје. Данскиот репрезентативец веќе започнал индивидуална програма за рехабилитација во татковината и се надева дека повторно ќе биде подготвен за настап.
Ериксен пред извесно време повторно колабираше за време на натпревар, овојпат од пријателски карактер против Украина и беше итно пренесен во болница. По направените прегледи, докторите му препорачале да стави крај на кариерата, предупредувајќи дека во спротивно постои ризик од нов сериозен срцев инцидент.
Сепак, 34-годишниот фудбалер не размислува за пензија. Според информациите, неговиот срцев ритам моментално е стабилен и здравствената состојба е добра, поради што продолжува со подготовките за можно враќање на терените.
Во моментов Ериксен е член на Волфсбург за кој минатата сезона одигра 31 натпревари.


