Ериксен го одбрал новиот клуб, откако не доби дозвола да игра за Интер

Откако го доби најважниот натпревар во својот живот, Кристијан Ериксен е подготвен да им се врати на фудбалските терени, но дефинитивно тоа нема да биде во дресот на Интер.

Поради законот во Италија, кој вели дека играчите со вграден дефибрилатор не можат да играат во Серија А, данскиот офанзивец е приморан да бара нова средина. Последните шпекулации велат дека негова следна дестинација ќе биде Амстердам, односно враќање во редовите на Ајакс.

„Извори блиски до Кристијан Ериксен потврдуваат дека играчот ги направил првите чекори кон враќање во поранешниот клуб. Неговата здравствена состојба е проверена од медицинскиот персонал на Ајакс, и дадено е „зелено светло“ за негов трансфер“, тврди новинарот Омар Хаваш.

За разлика од Италија, во Холандија е дозволено фудбалер со вграден дефибрилатор да игра во Ередизвизие и затоа Ериксен се реши за враќање во Ајакс.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.