Ериксен го напушта Тотенхем: Подготвен сум за нов предизвик!

Кристијан Ериксен, еден од најдобрите фудбалери на Тотенхем, по сè изгледа финалето на Лигата на шампионите против Ливерпул му беше последниот натпревар во дресот на „спарси“.

Данскиот ас веќе подолго се поврзуваше со заминување од Лондон, а овој пат речиси е и сигурно, затоа што самиот потврди дека е подготвен за нов предизвик. 

„Имам огромна почит кон Тотенхем, минав неверојатни години тука. Но, сега дојде време за нов предизвик“, соопшти Ериксен. 

27-годишниот играч за врска има уште една година од договорот со лондонскиот тим, а според британските медиуму најблиску е до премин во Реал Мадрид, иако за него заинтересирани се уште Манчестер Јунајтед и Интер.

Но, мора да се напомене дека првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви е познат како еден од најнепосакуваните преговарачи на трансфер-пазарот. Тоа е потврдено од голем број на фудбалски менаџери, агенти и клубови, па затоа сагата околу новиот клуб на Ериксен може да биде долга, па дури и без резултат. 

Наводно, Леви за својата ѕвезда бара 120 милиони евра, сума на пари која речиси ниту еден клуб нема да ја даде за играчи кој е на истек од договорот. Ериксен во Тотенхем се пресели во 2013 година за сума од само 13,5 милиони фунти од редовите на Ајакс. 

За лондончани одигра 206 настапи, на кои постигна 49 гола и запиша 64 асистенции.