Ериксен експресно ќе замине од Интер, веќе има три кандидати за потпис?

Кристијан Ериксен пристигна во јануари во Интер како огромно засилување од Тотенхем. Сепак, данскиот плејмејкер не се вклопува во тактичките замисли на Антонио Конте, па не е во прв план кај италијанскиот стручњак.

Сè погласни се најавите дека Ериксен ќе ја напушти „Џузепе Меаца“, што е реална опција ако сака да ја врати формата од Лондон. Интер нема против продажба на Данецот, но доколку пристигне адекватна понуда. 

Наводно, за неговите услуги се интересирале Арсенал, Манчестер Јунајтед и ПСЖ, кои би сакале да направат трампа со Интер. Слични најави од Италија имаше и дека „нераѕурите“ размислувале да го понудат Ериксен на Милан, во замена за Чалханоглу, ама засега нема директни контакти.