• Мартин Танасковски
Холандскиот стручњак Ерик тен Хаг од 1 февруари официјално стапува на должност во Твенте, со кој потпиша договор до средината на 2028 година.
55-годишниот стратег од сезоната 2026/27 ќе ја преземе функцијата технички директор, на која ќе го наследи го актуелниот директор Јан Штројер, кој најави повлекување по крајот на оваа сезона.
Иако формално ќе ја преземе функцијата од сезоната 2026/27, Тен Хаг веќе од следната сезона ќе започне со работа во фудбалската организација на клубот, како дел од подготовките за идниот период.
Со ова, Тен Хаг се враќа во клубот каде што ја започна својата професионална кариера. Во Твенте оствари значајни успеси како фудбалер, а токму таму ги имаше и своите први тренерски ангажмани.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.



