• Мартин Танасковски
Откако стана јасно дека Ајакс останува без тренер откако Франческо Фариоли одлучи да го напушти клубот еден ден по несреќниот крај на сезоната, „Јохан Кројф Арена“ повторно сериозно ја разгледува можноста за враќање на Ерик тен Хаг во тимот.
Според Флоријан Плетенберг, поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед е еден од главните фаворити за позицијата. Пол Симонис, кој моментално ги предводи Го Ахед Иглс, е другиот сериозен кандидат.
Тен Хаг беше на чело на Ајакс помеѓу 2018 и 2022 година, освојувајќи три шампионски титули и два домашни купа. Името на Холанѓанецот постојано се поврзува и со тренерската позиција во Баер Леверкузен, кој бара замена за Чаби Алонсо, кој заминува во Реал Мадрид.
Тен Хaг беше отпуштен од Манчестер Јунајтед кон крајот на октомври минатата година и оттогаш е невработен.