Ердон Даци тренира со Шкупи, чека „зелено светло“ од ФИФА

Македонскиот фудбалер Ердон Даци веќе е на тренинзите на Шкупи и чека зелено светло од ФИФА за да се пресели во прволигашот од Чаир.

Даци, кој беше дел од Коњаспор, па се пресели во Ескишехирспор, моментално тренира со Шкупи, но поради административен проблем на турските прволигаши, чека на абер од ФИФА за да се комплетира трансферот.

Од Шкупи веруваат дека се ќе мине во најдобар ред и дека Даци ќе се стави на располагање на новиот тренер од Турција за наредната сезона. Со Шкупи активно тренира и новото засилување Виктор Ангелов, кој пристигна како слободен по раскинот од Ујпешт.

Чаирчани не ја почнаа сезоната според посакуваниот план и по четири кола немаат победа, со уште две ремија и два порази.