• Мартин Танасковски
Македонскиот репрезентативец Ердон Даци тргна одлично во белгискиот елитен шампионат и погоди за неговиот тим Вестерло на средбата против Серкл Бриж (1-0).
Крилниот напаѓач на дебито во белгиската Про Лига успеа да погоди во 40. минута откако доби топка пред голот и ја смести во мрежата на противникот.
Даци беше клучен играч на Вестерло во минатата сезона кога тимот обезбеди промоција, а заврши и како најдобар стрелец на екипата.