Ердон Даци парафира со Вестерло до 2025 година

Македонскиот фудбалер Ердон Даци нема да менува средина и потпиша нов договор со белгиски Вестерло до 2025 година.

24-годишниот офанзивец имаше одлични настапи за клубот со кои доби и повик во националниот тим, меѓутоа една повреда го сопре неговиот налет. Вестерло, кој играше во белгиската елита, го има Даци во своите редови од 2021 година.

Ердон Даци е дете на Вардар, а во 2017 година замина во Турција каде го облече дресот на Коњаспор. Потоа, следеа настапи од 2019 до 2021 година во првиот тим, настапи на 43 меча на кои даде три гола, а во Вестерло на 27 дуели има 11 гола.

Во минатото Даци настапуваше за У21-тимот на Македонија.