Ердон Даци игра во топ-форма за Вестерло, најдобра во кариерата

Македонскиот офанзивец Ердон Даци промени средина во последниот периоден рок и како што изгледа таа добро му годеше, затоа што игра врвно во дресот на Вестерло.

23-годишниот напаѓач ја напушти Турција и се пресели во белгискиот тим кој е лидер во второлигашкиот шампионат. Во неговиот претходен клуб Коњаспор тој одигра 45 натпревари на кои забележа пет гола и четири асистенции, но во Белгија за кратко време се надмина.

Даци досега одигра шест натпревари за Вестерло. Се афирмира како константен првотимец и даде пет гола во мрежите на противниците во сите натпреварувања.

Вестерло во втората лига на Белгија е на првото место со 27 поени.