• Мартин Танасковски
Полскиот клуб Миеџ Легница доби значајно засилување во средниот ред, откако редовите на тимот ги засили македонскиот репрезентативец Ердал Ракип, фудбалер со богато интернационално искуство и шведски пасош.
Ракип, кој во својата кариера шест пати ја освојуваше шампионската титула во Шведска и има настапи во Лигата на шампионите, зад себе има и бронзен медал од Светското првенство за играчи до 17 години. Искусниот играч за врска потпиша договор со Миеџ Легница до крајот на актуелната сезона, со можност соработката да биде продолжена за уште една година.
Во изминатите три сезони, Ракип беше дел од турскиот Анталијаспор, каде што настапи на вкупно 75 официјални натпревари. Во тој период успеа да се запише и во листата на стрелци, а додаде и две асистенции
Ракип низ кариерата играше уште и за Бенфика и Кристал Палас, а најголемата трага ја остави во шведски Малме. Играчот веќе е со клубот и ги игра пријателските натпревари во Турција.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.

