• Мартин Танасковски
Поранешниот македонски репрезентативец Ердал Ракип во новата сезона ќе има нов клуб, затоа што нема да продолжи со турски Анталијаспор.
29-годишниот дефанзивен играч за врска кој е роден во Малме, Шведска, но има македонски пасош и забележа два настапи за репрезентацијата на Македонија, останува без договор. Му истече соработката со турскиот суперлигаш и ќе има нова средина.
Ракип во Анталијаспор дојде во 2023 година од тимот на Малме, а претходно настапуваше за Бенфика и Кристал Палас. Во Суперлигата, тој настапи на 27 меча, а даде еден гол со уште една асистенција.
Ердал Ракип за Македонија настапи на мечевите со Лихтенштајн и Германија во квалификациите за СП 2022.