Ерата на Спалети во Наполи започна со гол на Ељиф Елмас!

Се сеќавате ли на ланското деби на Ељиф Елмас во дресот на Наполи? Ако тој настап беше импресивен и го одушеви Карло Анчелоти, што ќе каже Лучијано Спалети, кој дебитираше на клупата на Наполи токму со гол на македонскиот репрезентативец. 

Елмас погоди по само четири минути против нисколигашот Баса Ауниа, во првиот контролен натпревар на Наполи сезонава. Нашиот ас реализираше од непосредна близина по асистенцијата на Матео Политано. Oсимхен постигна четири гола, а до одморот меѓу стрелците се запишаа Лоботка и Манолас за високи 7-0. Троен асистент во првиот дел беше Матео Политано. Во вториот дел Наполи не застана и со нови пет гола во противничката мрежи извојува убедлива победа од 12-0.

Tокму Политано е поддршка за Елмас во офанзивниот дел на средниот ред, а напаѓачи се Унас и Осимхен. Спалети се одлучи за систем 4-2-3-1, формација која треба да биде заштитен знак на новиот Наполи.

Кај Карло Анќелоти и Џенаро Гатузо, Елмас не се изнаигра, па првите вибрации под Спалети се и повеќе од позитивни.