ВИДЕО: Ерата на Андоновски на кормилото на САД започна со победа над Шведска

Влатко Андоновски

Македонскиот стратег Влатко Андоновски успешно ја започна работата на селекторската позиција на САД. Неговите фудбалерки се изборија за тесна победа против Шведска (3-2) на пријателски меч одигран Охајо.

Андоновски се одлучи да излезе на теренот со стартна постава како и неговиот претходник. Изостанаа само Џил Елис поради повреда и Алекс Морган, која објави дека е бремена.

Американките брзо стигнаа до водство, кое до половина час игра се искачи на високи 3-0. Швеѓанките се вратија во игра во завршницата, постигнувајќи два брзи гола.

Следен предизвик за нашиот фудбалски работник ќе биде пријателскиот меч против Костарика в недела.