ВИДЕО: Епско дерби во Милано – Интер губеше со 0-2, па го расплака Наполи! 

Интер и Наполи одиграа лудо дерби во Милано. Домашниот тим губеше со 0-2, успеа да се врати до 2-2, а потоа во драматичен финиш стигна до победа од 3-2 и ја продолжи совршената серија на стартот од сезоната.

  • Извештај од натпреварот:

По мирното прво полувреме на стартот од вториот дел, Наполи се избори за предност од два гола, откако Матео Политано во 50. минута реализираше за 0-1, а само три минути подоцна Расмус Хојлунд со мајсторски погодок на втора статива зголеми на 0-2. Интер брзо одговори преку Лаутаро Мартинез, кој во 56. минута намали на 1-2. Шампионот продолжи да притиска, а Маркус Турам во 82. минута погоди за 2-2 и најави неверојатна завршница.

Во последните минути шансите се редеа како на филмска лента. Наполи можеше повторно да поведе, но Давид Нерез и Нгесан не реализираа огромни шанси. А потоа, кога сите очекуваа последниот свиреж, на сцена повторно стапи капитенот. Лаутаро Мартинез во 91. минута најдобро се снајде во казнениот простор и го постигна победничкиот гол за 3-2.

Со оваа победа, Интер има „три од три“ и максимални девет бода, додека Наполи по три кола има еден триумф и два порази.