ВИДЕО: Епски пресврт на Вест Хем - од 1-3 до 4-3 за 15 минути!

Заради четвртфиналните натпревари од ФА Купот, овој викенд се игра некомплетно 31. коло од Премиер лигата.

Вест Хем приреди целосен пресврт и се врати од 1-3 да го совлада Хадерсфилд со 4-3 во само 15 минути. Карлан Ахерн-Грант со два гола донесе двојна предност за последно пласираната екипа на табелата, а погоди и Жунињо Бакуна. Капитенот на „чеканите“ Марк Нобл и Италијанецот Анџело Огбона намалија, а Чичарито Хернандез со гол во финишот израмни на 3-3.

Во судиското надополнување Чичарито постигна гол гол, овој пат ефектен за голема победа од 4-3 екипата на Пелегрини.

  • Извештај од натпреварот: 

Брендон Роџерс и Лестер Сити однесоа три бода од Барнли, иако 86 минути играа со човек помалку.

  • Извештај од натпреварот: 

Уште во 4. минута „лисиците“ останаа со човек помалку по црвениот картон на англискиот репрезентативец Хари Мегвајр. Веднаш во игра влезе Вес Морган на местото на Греј и новиот менаџер на Лестер ја систематизира одбраната. По половина час домашна иницијатива, Морисон во 33. минута на големо изненадување ги доведе фудбалерите на Лестер Сити во водство.

Барнли брзо возврати и Двајт МекНил во 38. минута ефектно израмни на 1-1. Иако доминираше цело второ полувреме, екипата на Шон Дајч не го совлада Шмајхел по вторпат и на крајот дури и беше казнета. Вес Морган во судиското надополнување го постигна голот за 1-2 и подвиг на „лисиците“.

Борнмут и Њукасл Јунајтед играа драматичен дуел во кој немаше победник (2-2). Головите ги постигнаа Кинг од игра и од пенал за домаќините и Рондон и Ричи (во судиското надополнување) за гостите.

  • Извештај од натпреварот: