• Зоран Мишевски
Во финалето на најсилното клупско натпреварување во Јужна Америка - Копа Либертадорес ќе играат бразилските тимови Фламенго и Палмеирас.
Откако во првото полуфинале Фламенго го елиминира аргентински Расинг со вкупен резултат 1-0, бразилското финале го комплетираше Палмеирас, триумфирајќи на домашен терен над Лига де Кито од Еквадор со 4-0. Со оваа победа „зелените“ ја надоместија негативата од 0-3 од првиот натпревар во Еквадор.
Соса и Фукс постигнаа голови во првото полувреме, а во продолжението Веига со два гола го комплетираше големиот пресврт на Палмеирас.
Ова ќе биде петти пат во последните шест години две бразилски екипи. И двете екипи досега имаат по три титули во Копа Либертадорес. Финалето е закажано за 29 ноември во чилеанска Лима.




