ВИДЕО: Епски пресврт на Хаити, Мексико преку пеналите до полуфинале на Голд Купот! 

Фудбалските селекции на Хаити и Мексико го сочинуваат првиот полуфинален пар на Голд Купот, натпреварување кое се игра во САД, Костарика и Јамајка. 

Ако Мексиканците до местото меѓу четирите најдобри стигнаа по изведувањето на пеналите, Хаити направи епски пресврт и од 0-2 успеа да слави со 3-2 над Канада и го извојува својот најголем успех во последните години. 

Во Хјустон, по мирниот почеток и неколкуте возбудувања, Хименез во 44. минута го отвори резултатот и донесе водство за Мексико од 1-0, кое Костарика во 52. минута преку својата прва ѕвезда Брајан Руиз го анулира и обезбеди удари од 11 метри. Токму Хименез го промаши првиот удар за Мексиканците, но во третата и шестата серија Костариканците потфрлија и Мексико славеше ново полуфинале. 

  • Извештај од натпреварот: 

На вториот четвртфинален натпревар, кој исто така се играше во Хјустон, Канада преку Дејвид и Кавалини имаше предност од 0-2 на полувреме во мечот со Хаити. Но, во вториот дел Дукенс Назон, Ерв Базил и Вилде Гуире направија историски пресврт и ја донесоа својата селекција во меч за финале. 

  • Извештај од натпреварот: 

Останатите две четвртфинални натпревари средби ќе се одиграат вечерва, а се среќаваат Јамајка – Панама и САД – Курасао.