• Горан Упале
Изненадувањата во Купот на Турција немаат крај, па двата најсилни клуба, Фенербахче и Галатасарај, нема да играат во полуфиналето.
Еден ден откако Фенербахче беше елиминиран од Коњаспор, со голот на Марко Јевтовиќ во 121. минута, Галатасарај им приреди кошмар на своите навивачи, губејќи од Генчлебирлиги со 0-2.
Узум постигна гол во 51. минута по контранапад, а во 83. минута, домашниот голман Гунај Гувенч имаше катастрофална реакција по еден корнер, дозволувајќи му на Траоре да ја запечати победата на Генчлербирлиги.
Преостанатите два четвртфинални дуела ќе се играат во четврток, а се среќаваат Самсунспор – Трабзон и Бешикташ – Аланијаспор.
