• Горан Упале
Динамо Загреб се пласира во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите, откако по голема драма и продолженија го совлада швајцарски Тун со 3-2. По 90 минути резултатот беше 2-2, а хрватскиот шампион славеше со вкупни 4-3.
Тун одлично го отвори натпреварот и со головите на Лабо и Бурки до 22. минута поведе со 0-2. Ситуацијата целосно се промени во 67. минута, кога Бурки заработи директен црвен картон.
Динамо ја искористи бројчаната предност. Белјо во 74. минута намали на 1-2, а само четири минути подоцна Качавенда израмни и го одведе натпреварот во продолженија.
Таму херој на „модрите“ беше Морис Валињчиќ, кој со прекрасен удар од далечина го постигна победничкиот гол за 3-2 и го однесе Динамо во следната рунда.
Во третото коло Динамо ќе игра против подобриот од двомечот КИ Клаксвик – Кауно Жалгирис.








