• Иван Димовски
Германската полиција имаше полни раце работа пред натпреварот меѓу Србија и Англија во Гелзенкирхен, бидејќи имаше судири на навивачите по градските улици.
Епилогот на тепачките кои се случија во неколку наврати на неколку различни локација беше апсење на седум српски хулигани. Тие беа фатени од страна на полицијата и против нив ќе биде поднесена кривична пријава.
„Околу 15:45 часот полицијата доби информација за судир меѓу српските и англиските навивачи. Специјалните полициски сили интервенираа и ги раздвоија двете навивачки групи. Приведени се седум српски хулигани, а против нив ќе бидат поднесени кривични пријави“, соопшти полицијата од Гелзенкирхен.
Инцидентите беа во предвечерието на натпреварот кој го реши Џуд Белингем на „Волтинс Арената“ во Гелзенкирхен.