• Мартин Танасковски

Европското првенство (ЕП) во 2024 година ќе се игра во Германија и откриени се градовите-домаќини на големиот европски фудбалски настан.
Градови кои ќе ги угостат најдобрите европски селекции ќе бидат вкупно десет. ЕП 2024 ќе се игра во Берлин, Хамбург, Лајпциг, Дизелдорф, Франкфурт, Дортмунд, Гелзенкирхен, Штутгарт, Келн и Минхен.
Овие градови беа домаќини и на Мундијалот во 2006 година, ги нема само Кајзерслаутерн и Нирнберг. Мечевите во секоја група ќе се играат во два блиски града, за да се избегнат долгите патувања во првата фаза.
ЕП ќе се игра од 14 јуни до 14 јули 2024 година. Градовите се поделени на Северо-исток (Берлин, Хамбург, Лајпциг), Запад (Дортмунд, Дизелдорф, Франкфурт, Гелзенкурхен, Келн) и Југ (Франкфурт, Минхен, Штутгарт).
Првиот натпревар ќе се игра на Фудбалската арена во Минхен, а финалето е на Олимпискиот стадион во Берлин.
