ЕП 2021 останува исто, ќе се игра во 12 града

УЕФА на последниот состанок разговараше и за Европското првенство (ЕП) кое наместо во 2020 година ќе се игра во 2021 година, па ги потврди градовите-домаќини на големиот фудбалски настан.

Европското првенство во 2021 година ќе се игра во вкупно 12 градови. Тоа се Рим, Баку, Копенхаген, Минхен, Лондон, Даблин, Амстердам, Букурешт, Санкт Петерсбург, Глазгов, Билбао и Будимпешта. Се очекуваше поради ковид-19 да има промени, но, сепак, планот останува ист.

Европскиот фудбалски собир ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули, а можно е на него да ја гледаме Македонија затоа што нашиот национален тим се бори за место меѓу континенталната елита преку Лигата на нациите.