Енур Тотре во албанска Тирана до 2024 година

Повремениот репрезентативец на Македонија, Енур Тотре, има нов клуб и кариерата ќе ја продолжи во Албанија.

24-годишниот фудбалер се раздели со Шкендија по истекот на договорот и замина како слободен. Веднаш пронајде ангажман и потпиша договор со албанска Тирана во времетраење до 2024 година.

За Тотре ова ќе биде втор клуб во кариерата. Целата своја професионална кариера македонскиот фудбалер ја мина во Шкендија.