• Мартин Танасковски
Повремениот македонски репрезентативец Енур Тотре ја заврши авантурата во албанска Тирана и се сели во Украина.
25-годишниот играч од средниот ред беше во Тирана од 2021 година и со тимот стана шампион на Албанија. Откако тимот заврши со квалификациите во Лигата на шампионите каде испадна во првата рунда од Зрињски, Тотре најде нов клуб.
Фудбалерот постигна договор со Ворскла од Полтава, каде ќе биде соиграч заедно со Ѓоко Зајков. Украинското првенство продолжува наскоро, па Тотре ќе биде едно од засилувањата за екипата во периодот кој следи.
Македонскиот фудбалер покрај за Тирана во кариерата играше и за Шкендија.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.