Енур Тотре ќе бара нов клуб, замина од редовите на македонскиот шампион

Фудбалерот за врска, Енур Тотре остана без клуб откако го прекина договорот со Шкендија

Македонскиот шампион на својата официјална веб-страница потврди дека спогодбено е раскинат договорот со 24-годишниот играч од средината на теренот. Шкендија му посака среќа на Тотре во понатамошната кариера, а потврди дека клубот го напушти и Ансар Љума, кому му истече договорот. 

„Шкендија потврдува дека договорот на фудбалерот Енур Тотре е прекинат. Претседателот, челниците и сите во клубот му се заблагодаруваат на Тотре за придонесот во тимот и му посакуваат сè најдобро во иднина. Исто така, патиштата се разделија и со Ансар Љума, чиј договор истече на крајот од сезоната“, напишаа од Шкендија. 

Тотре кариерата ќе ја продолжи во нова средина, иако одигра добра сезона во Шкендија. Во ПМФЛ на 17 настапи, 24-годишникот постигна четири погодоци и запиша четири асистенции, а со добрите игри заработи повик и одигра два натпревари за репрезентацијата на Македонија во Лигата на нациите.