• Иван Димовски
Ентони Тејлор стана нов рекордер во Премиер лигата, откако на натпреварот меѓу Борнмут и Челзи покажа рекорден број на јавни опомени.
Дури четиринаесетпати Тејлор покажуваше жолти картони, осум за играчите на гостите, а шест за домаќините. Покрај тоа, им покажа по една опомена и на двајцатат тренери Ираола и Мареска.
Со ова Ентони Тејлор го надмина Питер Бенкс кој минатата година покажа тринаесет картони на дуелот меѓу Тотенхем и Шефилд Јунајтед.
Што се однесува до резултатот на натпреварот, Челзи со гол на Нкунку дојде до победата (0-1).