Ентони Тејлор ќе дели правда во финалето на СКП меѓу Реал и Ал Ахли

Светската фудбалска федерација (ФИФА) го одреди судијата за финалето на Светското клупско првентво меѓу Реал Мадрид и Ал Хилал.

Довербата му е доделена на англискиот арбитар Ентони Тејлор, кој в сабота од 20:00 часот ќе означи старт на почетокот на битката за финалето. Досега на овој турнир Тејлор делеше правда на мечот меѓу Ал Ахли и Сиетл Саундерс, а сега доби чест да го суди и финалето. 

Реал Мадрид брка рекордна петта титула, додека Ал Хилал дебитира во големото финале. Средбата меѓу овие две екипи ќе се игра на стадионот „Мулеј Абдалах“ во Рабат.