• Иван Димовски

Пари Сен Жермен со пораз од Ница на домашен терен го дочекаа стартот на Лигата на шампионите. На „светците“ сега им гостува Борусија Дортмунд, во една од дерби пресметките на тешката група.
Во пресрет на мечот, тренерот Луис Енрике зборуваше за неговите играчи, ги пофали за своето залагање и фактот дека се обидуваат да ги следат неговите замисли.
„Играчите се во добар ритам, не се откажуваат, играат до последна минута под голем притисок. Фудбалерите многу трчаат, тешко им е, ама се обидуваат да ја играат играта која ја барам. Јавноста знае што гледа, па јасно е дека се очекуваат најдобрите резултати. Сепак, јас можам да кажам дека залагањето на играчите е за десетка.
Дали Мбапе може да не води до успех во Лигата на шампионите? За да се освои ова натпреварување потребен е одличен колектив. Не само стартни 11 играчи, туку 23 фудбалери. Сите мора да се подготвени да играат ако е потребно, во било која улога на теренот“, изјави Енрике.
Пресметката на „Паркот на принцовите“ се игра вечерва во терминот од 21:00 часот.