• Иван Димовски
Стартот на сезоната не е според очекувањата за Пари Сен Жермен. Иако францускиот шампион го освои УЕФА Суперкупот со победата над Астон Вила, во Лига 1 по три кола сè уште нема триумф.
Парижани одиграа нерешено со Рен и Лил, а потоа загубија од Монако, по што се наоѓаат дури на 14. место на табелата. Тоа дополнително ги зголеми сомнежите пред стартот на Лигата на шампионите. Тренерот Луис Енрике призна дека резултатите на почетокот од сезоната се разочарувачки.
„Што се однесува до резултатите, почетокот на сезоната е катастрофален. Се обидуваме да го вреднуваме сето она што се случува на теренот. Постојат работи што мора да ги подобриме. Мислам дека заслужуваме повеќе бодови, но фудбалот е таков и мора да го прифатиме тоа. Работиме на тоа да бидеме подобри. Мора да ја подобриме ефикасноста, но и способноста да останеме фокусирани во текот на целиот натпревар. Сакам да покажам дека секој ден одново мора да се пронаоѓаме и да напредуваме“, изјави Енрике.
ПСЖ вечерва од 21:00 часот ќе го одигра првиот натпревар во новата сезона од Лигата на шампионите, против Слован Братислава.







