• Иван Димовски
Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, беше пресреќен по пласманот на неговиот тим во ново финале на Лигата на шампионите, откако парижани го елиминираа Баерн Минхен во полуфиналето.
Вториот натпревар заврши нерешено (1-1), па со домашната победа од 5-4 тимот на Енрике се пласира во финалето на елитното европско натпреварување.
„Карактерот што го покажавме против тим како Баерн е навистина позитивен. Многу сме среќни што стигнавме до второ финале по ред во Лигата на шампионите. Беше многу интензивно и многу тешко. Тие играат фудбал на највисоко ниво. Двата тима се слични, сакаме да притискаме високо и затоа сме многу среќни“, изјави Луис Енрике.
Во мечот за трофејот парижани ќе се судрат со Арсенал во обидот да го одбранат европскиот трон.


