• Горан Упале
Барселона го совлада ПСЖ со 2-3 на „Паркот на принцовите“ во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите, а една од ѕвездите на францускиот клуб би можела да го напушти клубот на лето. По натпреварот и поразот од Барселона, евидентно е незадоволството кај парижаните, а се чини до тој степен што на една ѕвезда веќе ѝ е покажана излезната врата.
Според „Фихајес“, шпанскиот тренер Луис Енрике сака по секоја цена да се ослободи од 25-годишниот италијански голман Џанлуиџи Донарума кој имаше натпревар под своето ниво против Барселона.
Луис Енрике сака да го стави на трансфер-листата и бара од шефовите на клубот да доведат голман од „светска класа“, иако италијанскиот репрезентативец секако спаѓа во таа категорија на францускиот шампионат. „Тој мора да си замине“, наводно рекол поранешниот тренер на Барселона кога се појавил пред челниците на францускиот шампионат. Дали со неговите ставови се согласуваат и менаџерите на еден од најбогатите тимови во светот, останува да видиме.
Донарума дојде од Милан без обештетување во летото 2021 година, а сè почесто е критикуван за лошите насатпи. Набргу по последниот судиски свиреж на натпреварот на „Паркот на принцовите“, Емануел Пети, поранешен европски и светски шампион со Франција, го посочи Донарума како најголем виновник за третиот гол на Барселона.
„Можете да ми кажете што сакате, но со третиот гол, на ова ниво на натпреварување, заглавен на гол-линијата...“, изјави Пети.
Критики за настапот на Донарума пристигнаа и од други адреси. Италијанскиот голман за пет дена ќе има можност да ги демантира сите и во Барселона да докаже дека сè уште е голман од светска класа.