Енрике: Ова е нашата ДНК, сега одиме да ја освоиме и третата ЛШ по ред!

ПСЖ ја победи Астон Вила со 2-1 во Суперкупот на УЕФА во Салцбург и го освои трофејот. 

Луис Енрике по натпреварот зборуваше за карактерот на својот тим, напредокот во изминатите години и големите амбиции во новата сезона.

„Знаевме уште пред натпреварот дека ќе биде тежок. Но, успеавме да играме како што игравме затоа што моите играчи покажаа од што се направени. Можеби не сме во најдобра физичка состојба, но уште еднаш тоа е вистинска демонстрација на нашата ДНК и на нашите навивачи, кои ни помогнаа да освојуваме трофеи и да ги одржуваме високите стандарди. Знам колку е тешко да се освои трофеј, особено во клуб со апетит за трофеи. Пред три години сите велеа дека мојот тим е премлад, а ние го докажавме спротивното. Треба да подобриме доста работи, знаеме кои се нашите слабости, но многу сум среќен што ја имам оваа можност да тренирам тим со толку добар менталитет. Нашиот менталитет сега ќе биде да се обидеме да ја освоиме третата Лига на шампиони во низа. Мора да бидеме амбициозни и да веруваме дека можеме да го направиме тоа. Ќе биде многу тешко, не сакаме да бидеме самозадоволни, но дефинитивно тоа е нашата цел“, изјави Енрике.

ПСЖ со овој триумф ја одбрани титулата во Суперкупот, а Енрике уште на стартот од сезоната јасно стави до знаење дека парискиот гигант повторно ќе атакува на највисоките трофеи.