ВИДЕО: Енрике го „залепи“ Алба на албумот, за дуелите со Хрватска и БиХ изоставен Алонсо

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис Енрике, го објави списокот со фудбалери, кои ќе бидат во конкуренција за натпреварите против Хрватска (Лигата на нации) и пријателската средба со Босна и Херцеговина. 

На истиот по подолго време се враќа првиот лев бек на Барселона, Жорди Алба, кој на последните два собири беше изоставен од составот, а сега ја доби довербата пред ѕвездата на Челзи, Маркос Алонсо. Поради ситни повреди Енрике беше приморан да не ги повика Коке и Тиаго Алкантара, а иако се очекуваше повик, не доби напаѓачот на Борусија Дортмунд, Пако Алкасер, кој игра во фантастична форма оваа есен. 

Во составот на Енрике се најдоа и неколку дебитанти, а тоа се дефанзивецот на Еспањол Марио Хермосо, Диего Љоренте од Реал Сосиедад и Браис Мендез од Селта. Енрике повторно на интересен начин го откри списокот, кој беше еден вид на сумулација на лепење сликички од популарниот албум на „Панини“.

УЕФА Лига на нации, Лига А, Гр. 4
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ШпанијаШпанија 3 2 0 1 10:4 6 6
2 АнглијаАнглија 3 1 1 1 4:4 0 4
3 ХрватскаХрватска 2 0 1 1 0:6 -6 1