Енис Барди заработи повреда против Романија, непознато колку ќе паузира

Репрезентацијата на Македонија одигра три квалификациски натпревари на патот кон Мундијалот во Катар. Со три ремија против Ерменија, Исланд и Романија, избраниците на Милевски го заокружија септемврискиот циклус. 

Еден од најдобрите фудбалери на Македонија, „моторот“ на тимот, Енис Барди одново имаше запазена улога во пресметката со Романија вчера. Играчот на Леванте најмногу ја имаше топката, проигруваше и додаваше до соиграчите, а пред крајот на натпреварот се здоби со мала повреда. 

По еден дуел со романски фудбалер, Барди се пожали на болки во задниот дел на бутниот мускул. Неговата реакција беше навистина лоша, изгледаше дека повредата е посериозна и ќе мора да биде заменет, но тој стегна заби и продолжи да игра. 

По враќањето во Шпанија, во тамошните медиуми се појави информација дека Барди е повреден и ќе мора да паузира, ама не е познато колку е сериозна повредата и дали ќе биде долга паузата. Докторскиот тим на Леванте ќе направи прегледи со Барди, па во нардните денови ќе има нови информации околу повредата.